Јунајтед со неверојатна понуда: Погба може да влезе во историјата на Премиер-лига

470

Пол Погба на крајот на оваа сезона сепак би можел да остане во редовите на Манчестер Јунајтед. Англиските медиуми пренесуваат дека раководството на клубот му нуди плата од пола милион фунти неделно само за да ја продолжи соработката.

Погба има договор до крајот на сезоната и уште сега може да преговара со останатите тимови и на лето да направи трансфер без обештетување. Сепак Јунајтед брзо реагираше и му понуди навистина одличен договор со кој ќе стане најплатениот играч во историјата на Премиер-лига.

Во моментот тој заработува 290 милиони фунти неделно, но не ги исполни очекувањата. Често има проблем со повреди, тој се поврзува со Реал Мадрид и Јувентус.

Французинот од Јунајтед дојде во 2016 година за рекордни 105 милиони фунти.

Оваа сезона одигра девет натпревари во Премиер-лигата, а веќе го нема одамна поради повреда.

ПретходноФИФА ги објави номинациите за најдобар фудбалер во 2021: Меси, Левандовски и Салах! (ВИДЕО)
СледноХаос во селекцијата на Црна Гора, осум нови позитивни на Ковид-19!