Арсенал ќе носи бели дресови во знак на протест (ВИДЕО)

1962

Тимот на Арсенал одлучи на следните мечеви да настапува со чисто бели дресови без порепознатливата нивна црвена боја типична за клубот. Ваквата одлука е донесена во знак на простест против се позачестените убиства на тинејџери во Британија. Впрочем, Арсенал покренува цела кампања на оваа тема наречена „no more red“, со која што сака да даде придонес во сузбивањето на насилството на улиците.

Почетокот на кампањата се совпаѓа со рекордното триесетто убиство на млад човек во Лондон во една календарска година. Последното е регистрирано кон крајот на 2021 година, кога 16-годишно момче беше избодено со нож, а потоа и почина од здобиените повреди.

ПретходноПепи Горгиев официјално во Академија Пандев
СледноРакип во Малме доби тренер од Србија