Бабунски има понуди од клубови од Западна Европа!

2245

Дориан Бабунски, нашиот репрезентативец и член на Ботев Враца имаше фантастична есенска полусезона во елитната лига во Бугарија. Па токму затоа има и понуди од поголеми клубови за евентуален трансфер. Познато е дека тој е под договор со Ботев Враца, и секој кој што сака да го откупи ќе мора да плати отштета од 100.000 евра.

Последната таква понуда е од Ботев Пловдив, кој како клуб е подготвен да ја плати таа сума од 100.000 евра.

Инаку денеска од Бугарија стигна веста која ја лиферуваат тамошните медиуми дека нашиот фудбалер имал три понуди од познати клубови од Западна Европа.

ПретходноМорис го нападна Јокиќ: Тој е дебелко од 136 килограми!
СледноНекогашниот тренер на Новак: „Австралијанците се смотани како сајли“!