Борусија (М) ги искористи проблемите на Баерн и славеше во Минхен (ВИДЕО)

195

Германскиот шампион Баерн (М) беше поразен од Борусија Менхенгладбах со 2-1 на стартот на вториот дел од сезоната во Бундеслигата.

Домашните по сите проблеми кои им ги направи Ковид-19, едвај успеаја да скрпат тим, кој очигледно не можеше да им парира на силните гости. Јулијан Нагелсман тргна со многу млади играчи, но и покрај сите проблеми Баерн поведе во 18. минута.

Роберт Левандовски маестрално погоди за предност од 1-0, но гостите до крајот на првото полувреме направија комплетен пресврт.  Најпрво во 27. минута Нојхаус погоди за 1:1, а четири минути подоцна Лајнер погоди за водство на гостите од 2:1.

Продолжението му носи доминација на Баерн, но до крајот баварците не успеаја ниту да израмнат.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноСтигнаа резултатите од тестирањето: Сите репрезентативци се негативни!
Следно„Граѓаните“ рутински до 1/16-финалето во ФА Купот