Навивачите на Борусија (Д) сами ќе го дизајнираат новиот дрес!?

164

Управата на Борусија Дортмунд се реши на несекојдневен потег. Германски клуб објави конкурс за дизајнирање на нов дрес за сезоната 2023/2024 и тоа не трет или комплет за тренинг, туку дизајн на оној првиот, црно-жолт.

Во своите долги инструкции, Борусија им објасни на навивачите за што се треба да се грижат и им дозволи да ја добијат матрицата за дресот, кој потоа можат да го дизајнираат по нивен вкус.

„Во 112 години од нашата историја, имавме безброј дресови. Од незаборавни до модерни и луди до неимпресивни. Да, признаваме, имаше и целосни неуспеси. Но, сите наши дресови го претставуваа целото семејство Борусија и заедницата обврзана со незаборавни спомени. Затоа се одлучивме за нешто посебно. Сакаме да го дизајнираме дресот за сезоната 2023/2024 со сите вас. Сакаме ваши предлози во која било форма. Можете да го нацртате на рака, 3D анимација, нацртајте ја на парче компир, како и да е. Дизајнирајте го нашиот дрес!“ објави Борусија.

Претходно„Граѓаните“ рутински до 1/16-финалето во ФА Купот
СледноНов случај на коронавирус: Франција без уште една ѕвезда на стартот на ЕП