Комедија на тенискиот меч меѓу Рајли Опелка и Максим Креси во Мелбурн. Мечот беше прекинат поради невообичаена случка. Птица на поминување му ја посра капата на американскиот тенисер кој не сакаше да го продолжи натпреварот.
Поради долгата коса, 26. тенисер на светот, не можел да игра без капа, а немал резервна. Детете што собира топки се понудило да му ја позајми неговата, но била премала.
„Не сакам да играм со посрана капа. Немам друга капа, а ништо не гледам од косава“, му рекол Опелка на судијата.
По неколкуминутна пауза кога видел дека нема да добие нова капа и му се заканува дисквалификација, Опелка со крпата ја избриша капата и го продолжи мечот.
На крајот доживеа пораз (4-6, 7-5, 7-6).
Never seen this before 😂 scenes in Melbourne as @reillyopelka gets a rather unwanted surprise…#MelbourneSummerSet pic.twitter.com/fdIgIvuiSB
— Tennis TV (@TennisTV) January 6, 2022