Нема возачка: Голманот на Милан по дербито со Рома дома си замина со трамвај!!!

2907

Фудбалерите или сите врвни спортисти веројатно заборавиле кога последен пат се возеле со метро, трамвај или автобус. Тие имаат толку пари па така просто е незамисливо да се возат со градски превоз.

Но така не е со голманот на Милан, 17-годишниот Лапо Нава кој на вчерашното дерби со Рома беше на клупата на еден од најголемите светски клубови. И по мечот, тој дома си замина со трамвај.

Ова го пренесува “Газета дело Спорт“ прикажувајќи и фото како тоа младиот Нава си стои внатре во трамвајот на пат кон својот дом.

Причината зошто Нава се вози со трамвај е едноставна, тој се уште нема возачка дозвола.

Инаку тој е син на Стефано Нава, поранешен фудбалер на Милан.

Младиот Лапо е член на Академијата на Милан, а беше во записникот на тимот на дербито со Рома и поради фактот што двајца голмани од првиот тим не беа во составот, па тренерот Пиоли мораше да го повика и него.

ПретходноНекогашниот тренер на Новак: „Австралијанците се смотани како сајли“!
СледноСефер Емини пред трансфер во ЦСКА Софија!