Новак Ѓоковиќ се огласи од Мелбурн

337

По повод големиот христијански празник Божиќ, Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи. Српскиот тенисер им се заблагодари на сите оние кои постојано му испраќаат поддршка додека тој е заглавен во Мелбурн и ја чека конечната разврска, која ќе биде позната во понеделник.

„Благодарам на моето семејство, на Србија и на сите добри луѓе ширум светот кои ми испраќаат поддршка. Му благодарам на Господ за моето здравје“, порача Ѓоковиќ.

Претходно1/8 финале во „Копа дел Реј“: Столе и Рајо против Џирона, градско дерби во Севилја!
СледноДокторот на Хрватска предупредува: Циндриќ и Дувњак и со два негативни теста може да не играат!