Пепи Горгиев официјално во Академија Пандев

1161

Како што Спортмедиа најави уште пред неколку дена, Пепи Горгиев се враќа во домашниот шампионат и потпиша договор со тимот на Академија Пандев.

Напаѓачот имаше кратка авантура во Албанија, во тимот на Теута, но зимава реши да си замине од таму и да се врати во ПМФЛ.

Имаше понуди од неколку наши прволигаши, но се одлучи за Академија Пандев. Тој ќе биде замената за Мартин Мирчевски кој зимава „брка“ трансфер во странство со оглед на фактот што во моментов е голгетер број еден во ПМФЛ.

ПретходноФудбалер на Челзи откри дека сакал да се прекрсти во Роналдо
СледноАрсенал ќе носи бели дресови во знак на протест (ВИДЕО)