Баже Илијоски, некогашниот капитен на Работнички, најдобриот стрелец во историјата на клубот и втор најдобар стрелец во историјата на мак – фудбалот, направи интересен “трансфер“.Имено тој се приклучи на младинската школа на Македонија ЃП и ќе биде тренер на генерацијата 2006 година, поточно ќе ги води помладите пионери.
Се разбира дека Баже и тоа како има што да им покаже на младите фудбалерчиња во Ѓорче.
Да потсетиме дека откако ја заврши кариерата, Илијоски едно време беше во стручниот штаб на клубот од Градски парк во времето кога тренер беше Ратко Достаниќ.