Две топ засилувања за екипата на Брегалница се најавени, откако како нов шеф на стручен штаб е поставен Илчо Ѓорѓиоски.
Тоа се досегашниот член на тимот на Работнички, Кристијан Стојковски кој денеска и официјално не се појави на првата прозивка во тимот и си заминува од Гратски парк, како и екс Македонскиот младински репрезентативец Давид Атанаскоски, кој се враќа во домашниот шампионат по епизодата во Казахстан однодно во тимот на Шахтјор Караганди.
Очигледно дека Брегалница зимава е еден од најактивните наши првлигаши на трансфер пазарот затоа што покрај тоа што го доведе Ѓорѓиоски како новитет на клупата, го продаде и Михаил Маневски во Шкендија. Сега преостанува да се пополнат дупките во тимот, а секако и да се исполни некоја желба на новиот шеф.