Како што беше и најавувано, денеска под водство на стратегот Влатко Костов, фудбалерите на Тиквеш означија старт на подготовките. Прво се изврши прозивка, а потоа се одработи и првиот тренинг.
Планот е познат, до 21 јануари ќе се работи во Кавадарци, за потоа, следниот ден, се оди во Анталија каде ќе се одработи главната фаза од зимските подготовки.
Инаку засега ново име е Мартин Давков, додека клубот се раздели со Симеон Христов, Јорданчо Наумовски, Дарко Тофилоски, Урош Мирковиќ, Мирза Идризовиќ и Да Силва Фортунато.