Никола Јокиќ одигра уште еден феноменален натпревар во НБА-лигата. По двата порази во низа, српскиот центар го врати Денвер на победничките патеки, против Сакраменто беа подобри со убедливи 121-111.
Јокиќ зад своето име запиша 33 поени, десет скока, седум асистенции и по две украдени топки и блокади.
Неизвесноста на оваа средба траеше само на стартот, Сакраменто водеше кратко, по што Нагетси го наметнаа темпото и набрзина дојдоа до позитива од 21 поен разлика. Денвер на застана, продолжи во ист ритам и не му дозволи на противникот да се врати во игра.
Покрај Јокиќ добра партија пружи и Џеф Грин со 18 поени, на другата страна Фокс постигна 30 поени.
Денвер се наоѓа на седмото место во Западната конференција со скор од 19 победи и 18 порази.
Лејкерси фатија залет, ја запишаа четвртата победа во низа, откако славеа против Атланта со убедливи 134-118. И овој пат број еден беше Леброн Џејмс, кој беше близу до трипл-дабл. „Кралот“ зад своето име запиша 32 поени, 8 скока и 9 асистенции. Леброн имаше голема помош од Јанг и Монк, заедно реализираа 54 поени.
Лејкерси се на шестото место во Западот, имаат 21 победа и 19 порази.
Филаделфија – Сан Антонио 119:100
Бруклин – Милвоки 109:121
Торонто – Јута 122:108
Чикаго – Вашингтон 130:122
Хјустон – Далас 106:130
Оклахома – Минесота 105:135
Денвер – Сакраменто 121:111
ЛА Лејкерс – Атланта 134:118
Портланд – Кливленд 101:114