Шведската скијачка Сара Хектор го оствари вториот триумф сезонава во Светскиот куп откако денеска победи на велеслаломската трка во словенечка Крањска Гора. Сара победи во велеслаломот во француски Куршевел, а сега успеа и на патеката во Словенија. Таа за неполна секунда беше побрза од поранешната светска шампионка Теса Ворли од САД која мораше да се задоволи со второто место. Италијанката Марта Басино е третопласирана.
Водечката во генералниот пласман Микаела Шифрин заврши на седмото место.
Утре во Крањска Гора во женска конкуренција е слаломската трка.