Предмалку заврши саботната попладневна програма од Бундес лигата во која се играше 18. коло и во кое тимот на Хофенхајм со пресврт на домашен терен успеа да слави над Аугзбург со конечни 3:1. Откако гостите по само 5. минути игра преку Грегорич стигнаа до водство, потоа домаќините преку Бебоу на два пати уште во првиот дел стигнаа до пресврт. Раум во последните секунди од мечот ги постави конечните 3:1.
Баер Леверкузен не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и одигра 2:2, против Унион Берлин, а со ист резултат заврши и мечот Фрајбург – Арминија Билефелд. Р.Б. Лајпциг рутински го совлада Маинц со 4:1.
Резултати:
Баер Леверкузен – Унион Берлин 2:2
Фрајбург – Арминија Билефелд 2:2
Гројтер Фурт – Штутгарт 0:0
Хофенхајм – Аугзбург 3:1
Ред Бул Лајпциг – Маинц 4:1