Баже Илијоски со „трансфер“ во Македонија ЃП!

1733

 

Баже Илијоски, некогашниот капитен на Работнички, најдобриот стрелец во историјата на клубот и втор најдобар стрелец во историјата на мак – фудбалот, направи интересен “трансфер“.Имено тој се приклучи на младинската школа на Македонија ЃП и ќе биде тренер на генерацијата 2006 година, поточно ќе ги води помладите пионери.

Се разбира дека Баже и тоа како има што да им покаже на младите фудбалерчиња во Ѓорче.

Да потсетиме дека откако ја заврши кариерата, Илијоски едно време беше во стручниот штаб на клубот од Градски парк во времето кога тренер беше Ратко Достаниќ.

ПретходноБуба на чело на колоната: Шкендија го одработи првиот тренинг во 2022!
СледноЕден два победа на Норвешка во Бишофсхофен