Бугарската федерација ќе му го продолжи договорот на селекторот Петров!

595

На Јасен Петров, селекторот на репрезентацијата на Бугарија, инаку наш ривал во Лигата на Нации, договорот со тамошната федерација му истекува на 20 јануари. Сепак според изјавите на челниците на Фудбалската федерација на Бугарија, таму нема ништо да се менува, па така Петров деновиве ќе стави потпис на нов договор, а тоа значи дека токму тој ќе ја предводи селекцијата на Бугарија на мечевите со Македонија во јуни и септември во Лигата Нации.

Факт е дека Македонија е поквалитетна селекција, има подобри фудбалери, но Петров по ждрепката изјави дека воопшто не се плаши од Македонија.

ПретходноГоце Георгиевски: Јас сум оптимист,можеме до добар резултат на ЕП!
СледноОфицијално: Стојкоски и Стојков не се веќе „романтичари“!