Од пред два дена Александар Васоски е нов шеф на стручниот штаб на Сараево. Тоа значи дека сега ќе мора “бордо“ тимот и адекватно да се засили, а една од желбите нанапиот стратег е Даниел Аврамовски, играчот за врска кој во моментов е без клуб откако си замина од Кајзериспор.
“Да, точно е дека го препорачав Аврамовски до раководството на Сараево. Зарем треба да се трошат зборови за нашиот репрезентативец. Имаме одлична соработка во Вардар, затоа сакам да дојде во Сараево. Засега има контакти, преговорите се во почетна фаза, па ќе видиме дали ќе има и договор и официјален трансфер“ изјави за „Спортмедиа“ новиот тренер на Сараево.