Гоце Георгиевски: Јас сум оптимист,можеме до добар резултат на ЕП!

251

Гоце Георгиевски е еден од нашите најискусни ракометни репрезентативци. Тој заедно со Стоилов, Митревски,Миркуловски и секако Лазаров, треба да биде еден од носителите на играта на Македонија на пртетстојното ЕП кое започнува за пет дена.

Нормално е пред секое големо натпреварување да има возбуда, поголем број од нас репрезентативците имаме искуство со настапите на Европските првенства, знаеме што носи и што бара едно вакво големо натпреварување. Јас сум оптимист, можам да кажам дека доста добро се работи на тренинзите. Сите играчи сосема добро ги одбработуваат задачите што им се дадени. Имаме добра атмосфера и ако успееме тоа од тренинзите да го пренесеме на натпреварите ќе бидеме на добар пат да се надеваме на добар резултат“вели Георгиевски.

Првиот меч го играме против Словенија…

Имаме доста познати противници, многу пати сме ги одмерувале силите дали на квалификациски или натпревари од големите турнири. На Европското првенство нема слаби противници тоа добро го знаеме. Првиот натпревар против Словенија е дуел каде што тие се фаворити и притисокот ќе биде на нивна страна, треба да влеземе во натпреварот ослободени од резултатот, а од друга страна да имаме максимален фокус, да ги исполниме задачите кои ќе ни бидат дадени и се надевам на позитивен резултат. Црна гора е екипа што навистина има квалитетни играчи. Се работи за доста борбена репрезентација и секогаш можам да кажам дека играат и повеќе од своите можности, даваат се’ од себе. Добро се познаваме и ќе биде интересен натпревар од причина што и тие и ние знаеме дека најголемата шанса за бодови е овој натпревар“.

Георгевски смета дека Данска во групата каде што сме и ние, е фаворит.

За Данска не треба да се трошат зборови сите знаеме за каква репрезентација се работи. Можеме да зборуваме за нив само во суперлативи. Против една ваква репрезентација треба да одиграш во текот на целиот натпревар, да кажам, безгрешно за да се надеваш на добар резултат. Ние тоа го демонстриравме во Скопје во квалификациите и покажавме дека не се непобедливи. Јасно е дека ти е се фаворити не само во оваа група туку и на првенството“ заклучи нашиот репрезентативец.

ПретходноЛевандовски: Некои мои соиграчи вчера за првпат ги видов!
СледноБугарската федерација ќе му го продолжи договорот на селекторот Петров!