Дориев со екстра понуда од Мезоковеди

4332

Еден од најдобрите играчи во ПМФЛ шампионатот, членот на Шкендија, Љупче Дориев зимава можеби ќе го напушти Тетово и ќе се пресели во Унгарија. Поточно, во тимот на Мезоковешт од кого во моментов има понуда.

Според информацииите на Спортмедиа, Шкендија на своја адреса доби понуди вредна 250.000 евра за да го испрати Дориев во Мезоковеди, а ќе видиме во следните ден, два дали тоа и ќе се оствари.

Дориев инаку веќе неколку сезони е во топ пет играчите во домашниот шампионат, како во дресот на Академија Пандев, така и во Шкендија. Имаше и повици за А репрезентацијата, а сезонава има постигнато шест гола.

 

ПретходноМакедонија ЃП се засилува со Годберг Купер
СледноЈотовски триумфираше на ИТФ турнир во Каиро