„Кралевите“ ја победија Валенсија и ја зголемија предноста на врвот (видео)

276

Екипата на Реал Мадрид ја забележа првата победа во новата 2022 година со која уште повеќе ја зголеми бодовната предност во однос на конкурентите за титулата во Ла Лига. По поразот од Хетафе на 2 јануари, вечерва „Кралевите“ на свој терен ја совладаа Валенсија со 4:1.

Карим Бензема го отвори резултатот во првото полувреме со гол од пенал. Тоа е неговиот 300. гол за Реал Мадрид со што се искачи на четвртото место на вечната листа на стрелци кај кралскиот клуб.

Во второто полувреме Винисиус со два гола зголеми на 3:0, а во 76. минуа Гуедеш намали на 3:1 откако одбиената топка по промашениот пенал ја смести во голот.

Сепак, тоа не беше се. Во финишот кралската екипа преку Бензема ги постави конечните 4:1.

Реал по 21 меч има 49 бода, осум повеќе од второпласираната Севиља која има 19 натпревари, а 16 повеќе од третопласираниот Бетис и четвртопласираниот Сосиедад кои имаат по 19 односно 20 натпревари.

Валенсија е деветта.

ПретходноУжас во шампионатот на Катар, играч се сруши на теренот (ВИДЕО)
СледноРано е за пензија: На 40 години се врати во Интернационал