Левандовски: Некои мои соиграчи вчера за првпат ги видов!

554

По кусата пауза, вчера продолжи Бундес – лигата, продолжи со големо изненадување. Имено Баерн Минхен на свој терен загуби од Борусија Менхенгладбах со 1:2. Резултатот и не е така изненадувачки ако се знае дека “бавараците“ за овој меч можеа да сметаат само на 8 свои фудбалери од ростерот на првиот тим, сите останати беа позитивни или повредени. Па затоа тренерот Јулиан Нагелсман мораше да „позајмува“ од младинскиот тим.

Чуден меч, многумина недостасуваа. Имаше голем број млади и талентирани момци, кои, искрено, вчера на мечот со Менхенгладбах за првпат ги видов. Имаат по 16-17 години, се гледа дека имаат талент и потенцијал, ова за нив ќе биде големо искиуство“ истакна Роберт Левандовски кој вчера беше стрелец на голот за Баерн Минхен.

Тој веројатно мисли на Малик Тилиман, Паул Ванер, Лукас Копадо…кои до вчера не ни сонувале дека такла брзо ќе го облечат дресот на првиот тим на Баерн.

ПретходноГотово е: Халанд го одбра Реал Мадрид!
СледноГоце Георгиевски: Јас сум оптимист,можеме до добар резултат на ЕП!