Италијанскиот интернационалец Годберг Купер веројатно ќе биде првиот напаѓач на тимот на Македонија ЃП напролет. Спортмедиа дознава дека 190 сантиметри високиот шпиц е пред пристигнување во Ѓорче Петров, и дека е потребно само да се среди документацијата.
Се работи за играч кој има во моментов 24. години и кој има доста искуство во играње пред се во Италија, но и во Швајцарија, Португалија, односно Албанија.
Фусбалските почетоци му се во неколку Италијански нисколигаши, пред да замине за Португалија каде што настапувал за тимот на Ароука, како и за Еспино односно Вианенсе, пред да замине за Швајцарија каде што минал сезона во Шафхаузен. СЛедува трансфер во тимот на Кукс во Албанија, а последен клуб, му е Италијанскиот Лавело.
Македонија ЃП многу често знаела да доведе робусни напаѓачи од странство, кои имале голем импакт во играта на овој тим, а често тие играчи биле и топ голгетери во нашиот шампионат.