Утре почнува Африканскиот куп на нациите. Турнирот го отвораат Камерун и Буркина Фасо со меѓусебен дуел од 17 часот, а потоа продолжуваат Етиопија и Зеленортски острови. Инаку АФКОН се одржува во Камерун, а нормално секоја екипа мора да ги запази протоколите за заштита од Ковид-19.
Основните правила на Купот се познати, за да одигра натпревар секој тим мора да има најмалку 11 фудбалери кои ќе покажат негативен тест на коронавирус. Во случај ако во тимот сите голмани се заразени се праќаат во изолација, а меѓу диреците застанува фудбалер.
Во случај тимот да нема 11 здрави фудбалери кои ќе истрчаат на терен тогаш ќе го изгуби мечот со службени 0:2.