Сара Хектор импресивна на велеслаломот во Крањска Гора

105

Шведската скијачка Сара Хектор го оствари вториот триумф сезонава во Светскиот куп откако денеска победи на велеслаломската трка во словенечка Крањска Гора. Сара победи во велеслаломот во француски Куршевел, а сега успеа и на патеката во Словенија. Таа за неполна секунда беше побрза од поранешната светска шампионка Теса Ворли од САД која мораше да се задоволи со второто место. Италијанката Марта Басино е третопласирана.

Водечката во генералниот пласман Микаела Шифрин заврши на седмото место.

Утре во Крањска Гора во женска конкуренција е слаломската трка.

ПретходноЈотовски триумфираше на ИТФ турнир во Каиро
СледноГранада со гол во 89. минута и „скина“ бод на Барселона (видео)