Како што дознаваме, Симеон Христов (29) во пролетниот дел ќе биде дел од таборот на Работнички. Имено челниците на еден од нашите најтрофејни клубови веќе го договориле трансферот на искусниот напаѓач и се очекува само негова промоција. Тој би требало да биде еден од оние кои ќе се обидат да ја разрешат најголемата болка на тимот, а тоа е неефикасноста.
Инаку Христов доаѓа од Тиквеш, каде што во изминатите две години беше еден од најдобрите фудбалери на кавадаречкиот тим. Претходно настапуваше за Борец, Брегалница, Македонија ЃП, Тетекс, Пелистер, а има и интернационална кариера во Унгарија и Албанија.
Инаку Христов е син на шефот на струката на Работнички, Борче Христов.