Импресивен кам-бек на Борусија Дортмунд на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт во рамките на 18.коло на Бундес лигата. „Милионерите“ триумфираа со 2:3 иако на полувреме имаа негатива од 2:0. Боре со два гола донесе предност на Ајтрахт, а потоа од 71. минута па до финишот на мечот „милионерите“ направија пресврт и ги однесоа бодовите.
Торган Азар и Џуд Белингам погодија за изедначување на резултатот на 2:2, а во 89. минута Махмуд Дахуд ја затресе мрежата на домашниот тим и донесе триумф на Дортмунд.
Со овие бодови Дортмунд ја сочува втората позиција со 37 бода, шест помалку од лидерот Баерн Минхен. Ајнтрахт е на седмото место и го запиша петтиот пораз.