Во нашата група А се чини со најголеми Ковид-проблеми се соочува репрезентацијата на Црна Гора. Вториот противник на Македонија на ЕП вчера пријави нови осум позитивни случаи на коронавирус, шестмина ракометари и двајца членови на стручниот штаб.
Меѓу заразените е селекторот, Зоран Рогановиќ. До стартот на континенталното натпреварување остануваат пет дена, ова значи дека тој има шанси да се најде на клупата, секако по пет дневната изолација, ќе мора да има и два негативни тестови на коронавирус.
Доколку не го исполни овој услов на ЕХФ дефинитивно нема да ја води својата репрезентација против Данска на отварањето на 13. јануари. На неговото место ќе застане Драшко Мрваљевиќ.
Конечниот список на сите учесници ќе бидат познат во понеделник за кога е закажано последното тестирање.
Македонија и Црна Гора ќе се сретнат на 15. јануари, во рамките на 2. коло во групната фаза.