Може лесно да се случи по две години пауза, Луис Суарез одново да настапува за Барселона. Оваа шокантна вест ја лиферуваат медиумите во Шпанија кои велат дека за овој трансфер виновен е стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. Имено Симеоне и Суарез во последно време едноставно не комуницирале, Уругваецот бил незадоволен и сега Барса има намера да го врати. Но ако се случи вакво нешто тогаш тоа би било во јуни. Познато е на кој начин Суарез од Барса си замина во Атлетико.
Инаку најново е тоа што Адама Траоре, репрезентативецот на Шпанија и офанзивецот на Вулфси, веројатно ќе дојде на “Камп Ноу“, односно ќе се врати во Барселона. Тој е “дете“ на Барса, но никако не доби шанса да игра во својот клуб. По одличните настапи во Премиер лигата се чини дека е време за враќање.
Кога сме кај Траоре за него постои голем интерес од Тотенхем, но сепак Барса си е Барса.