Јокиќ со еден потег ја дигна публиката на нозе (ВИДЕО)

1148

Никола Јокиќ го врати Денвер на победничките патеки. Српскиот центар „царуваше“ на теренот против Сакраменто, неговиот тим славеше со 121-111, а тој постигна 33 поени, 10 скока и 7 асистенции.

Јокиќ го имаше потегот на мечот во втората четвртина. Прво го блокираше Багли без да отскокне од паркетот, а потоа ја зеде топката во контранапад. Србинот ја измами целата одбрана на противникот, додека гледаше на десната страна веќе знаеше каде се наоѓа Грин, го проигра под кошот за овации во салата.

ПретходноГолманот Мартин Давков со трансфер во Тиквеш!
СледноПЕТ ДЕНА ДО СТАРТОТ НА ЕП: Ракометарите се вратија во „погон“ – Словенија во мислите!