Македонскиот тенисер Томислав Јотовски и неговиот бугарски колега Антони Генов се победици на турнирот во парови на ИТФ турнирот во Каиро, Египет. Во финалето македонско-бугарската комбинација беше подобра од Хо Реј од Тајван и Григориј Ломакин од Казахстан.
Тие победија со 2:1, првиот сет го добија со 6:1, вториот го изгубија со 3:6 и во решавачкиот триумфираа со 10:7.
Инаку Јотовски играше и во сингл на овој турнир и доживеа пораз во 1/16 финалето од вториот носител на турнирот Еди Лавањо од Италија, кој стигна до финалето.