Гранада со гол во 89. минута и „скина“ бод на Барселона (видео)

183

Барселона беше пред победа на гостувањето кај Гранада но во последните минути дозволи да прими гол и да остане без два бода. Резултатот на крајот 1:1 и нов кикс на каталонската екипа во трката по место во Лигата на шампионите.

Холанѓанецот Лук де Јонг даде гол во 10. минута кој беше поништен од ВАР поради офсајд, но затоа не погреши во 57. минута на асистенција на Дани Алвес.

Младиот талентиран фудбалер на Барселона Гави во финишот на мечот заработи црвен картон (втор жолт) и тогаш работите тргнаа на лошо за тимот од „Ноу Камп“. Гранада успеа да изедначи со погодокот на играчот за врска Антонио Пуерта во 89. минута.

Барса е на шестото место со 32 бода, 14 помалку од лидерот Реал Мадрид. Гранада е на место број 12.

 

ПретходноСара Хектор импресивна на велеслаломот во Крањска Гора
СледноСупер кам-бек: Дортмунд победи во Франкфурт, а губеше со 2:0! (видео)