Данска ја растури Норвешка на последниот тест пред ЕП

243

Данска, фаворитот во нашата група А, и фаворитот за освојување на златниот медал на Европското првенство кое стартува за пет дена одигра моќен натпревар против Норвешка.

Избраниците на Николај Јакобсен ја ги совладаа норвешките ракометари со убедливи 35-25 во последниот тест пред ЕП. Данците мечот го решија уште во првото полувреме по кое имаа позитива од 21-16, до крај немаа никаков проблем. Никлас Ландин собра 13 одбрани, иако бранеше само едно полувреме.

На првиот меч на ЕП, Данска игра против Црна Гора, дуелот со Македонија е закажан за 17 јануари.

foto: dhf. Dk

ПретходноРаботнички тргна зимава (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСосиедад им се врати на победите (ВИДЕО)