Двајца Норвежани и еден Австриец на подиумот на денешните ски-скокови во Бишофсхофен во рамките на Светскиот куп во скијачки скокови. Мариус Линдвик имаше импресивни скокови (133,5 и 139 метри) и го освои првото место со 291,7 поени. Втор со четири поени помалку заврши неговиот сонародник Халвор Егнер Гранеруд, додека третото место му припадна на Јан Херл кој имаше шест бода помалку од победникот.
Шампионот од Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ Рују Кобајаши беше четвртопласиран со 9,4 поени помалку од победникот. Топ 5 го дополни Филип Ашенвалд од Австрија.
Инаку ова е прва победа на Линдвик сезонава во Светскиот куп, а водечки останува Кобајаши.
Утре во Бишофсхофен се тимските ски-скокови, а потоа караванот се сели во Полска каде што на 15 јануари ќе се одржат тимските скокови, а на 16 јануари и индивидуалните скокови во Закопане.