Илчо ги носи Стојковски и Атанаскоски во Брегалница

3236

Две топ засилувања за екипата на Брегалница се најавени, откако како нов шеф на стручен штаб е поставен Илчо Ѓорѓиоски.

Тоа се досегашниот член на тимот на Работнички, Кристијан Стојковски кој денеска и официјално не се појави на првата прозивка во тимот и си заминува од Гратски парк, како и екс Македонскиот младински репрезентативец Давид Атанаскоски, кој се враќа во домашниот шампионат по епизодата во Казахстан однодно  во тимот на Шахтјор Караганди.

Очигледно дека Брегалница зимава е еден од најактивните наши првлигаши на трансфер пазарот затоа што покрај тоа што го доведе Ѓорѓиоски како новитет на клупата, го продаде и Михаил Маневски во Шкендија. Сега преостанува да се пополнат дупките во тимот, а секако и да се исполни некоја желба на новиот шеф.

 

ПретходноИ Тиквеш ги „запали моторите“, од 22 јануари во Анталија!
СледноХофенхајм со пресврт до нова победа и трето место