Леванте конечно победи: Магична асистенција на Барди!

712

Конечно. Конечно Леванте успеа да победи, да ја забелжи првата победа сезонава во Ла Лига. Леванте со 2:0 успеа да ја победи Мајорка, инаку ова беше прв триумф на тимот на Енис Барди во Ла Лига и тоа од април минатата година.

Македонскиот репрезентативец одигра одлични 85.минути по што беше и заменет. Во првиот дел двапати се закани, посебно во таа 28.минута откако по соло продорот за малку нетостигаше да посетигне убав гол.

Инаку Леванте поведе со голот на Солдадо во 47.минута и тоа откако претходно некогашниот репрезентативец на Шпанија, доби магична асистенција на Енис Барди. Потоа него не му беше тешко да го погоди голот на Мајорка.

Да кажеме дека во 69.минута Мајорка не реализира пенал, и тоа преку Оливан. Во 82.минута гостите израмнија, стрелец беше Нињо, но ВАР пресуди дека нема гол, односно дека на зечатокот на акцијата еден фудбалер на Мајорка играл со рака.

Конечните 2:0 ги постави Моралес во 90+6.минута за големи, големи три бода.

ПретходноВасоски: Има шанси Аврамовски да потпише за Сараево!
СледноИ Тиквеш ги „запали моторите“, од 22 јануари во Анталија!