„Не смеам да го отворам прозорецот, насекаде има обезбедување“

692

Драмата во Мелбурн и натаму трае. Покрај Новак Ѓоковиќ, во хотел беше депортирана и Рената Ворачова. Чешката тенисерка на почетокот на декември влезе во Австралија, дури и играше мечеви, но откако Владата на оваа држава не ја призна визата на Ноле, ја уапси и ја однесе во истиот хотел. Таа има документ за прележан Ковид-19, еден од условите за влез во оваа земја.

Ворачова се огласи во јавноста, таа открива дека се чувствува како да се наоѓа во затвор, насекаде има обезбедување, а не може да го отвори ниту прозорецот од нејзината соба.

„Во соба сум и не можам да одам никаде. Можат да го отворам прозорецот само неколку сантиметри. Обезбедувањето е на секаде, дури и под мојот прозорец, што пак е чудно. Можеби се плашат дека ќе избегам. Ми носат храна, во ходникот е обезбедувањето. Се чувствувам како да сум во затвор“, откри Ворачова. 

ПретходноСимеон Христов во нападот на Работнички!
СледноЦрногорците без селектор против Данска на ЕУРО?