Нов случај на коронавирус: Франција без уште една ѕвезда на стартот на ЕП

255

Франција продолжува со проблемите пред стартот на Европското првенство кое на 13. јануари стартува во Унгарија и Словачка. На премиерниот дуел против Хрватска селекторот Гилјом Жил нема да смета на Валентин Порт, кој има коронавирус, па ќе мора да оди пет дена во изолација, а потоа да има два негативни теста.

Оваа репрезентација на ЕП нема да смета на Ремили и Лука Карабатиќ, кои се повредија. Претходно поради Ковид-19 надвор од стројот беше најдобриот играч, Никола Карабатиќ.

Капитенот на Монпелје, Порт инаку се најде на конечниот список од 20 ракометари, но ќе дојде подоцна во зависност од неговата здравствена состојба.

ПретходноНавивачите на Борусија (Д) сами ќе го дизајнираат новиот дрес!?
СледноМаестрална партија на Јокиќ, Атланта без решение за Леброн (ВИДЕО)