Работнички денеска ги стартуваше зимските подготовки, но без двајца играчи кои досега беа дел од првиот тим. А тоа се капитнот Кристијан Стојкоски и Драган Стојков. Тие и двајцата не беа на прозивката, а според нивните зборови тие и Работнички ја прекинале соработката.
Стојкоски напомена дека најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Македонија ЃП, тоа ќе биде негово враќање во својот матичен клуб, а Стојков допрва ќе види каде во пролетниот дел ќе настапува.