ПЕТ ДЕНА ДО СТАРТОТ НА ЕП: Ракометарите се вратија во „погон“ – Словенија во мислите!

484

Македонската ракометна репрезентација по еден ден одмор денеска продолжува со подготовките за Европското првенство од кое не делат уште пет дена.

Добра вест за селекторот Кирил Лазаров е што сите ракометари се негативни на Ковид-19 по второто од трите задолжителни тестирања кои ЕХФ им ги наложи на сите учесници пред да пристигнат во градовите домаќини на континенталното натпреварување.

Македонија ќе ги игра во унгарскиот град Дебрецен, за противници ќе ги има селекциите на Словенија, Црна Горан и Данска.

Нашите ракометари на стартот (13. јануари) ќе отворат против Словенија, два дена подоцна играат со Црна Гора, додека во последното коло од групната фаза ќе ги одмерат силите со Данска.

Фокусот е ставен кон Словенците, токму овој дуел ќе го одреди текот на Европското првенство, со победа против големиот фаворит, портите кон главната рунда ќе ни бидат широко отворени.

ПретходноЈокиќ со еден потег ја дигна публиката на нозе (ВИДЕО)
СледноШокантно: Суарез се враќа на “Камп Ноу“, доаѓа и Траоре!?