Полскиот репрезентативец Кшиштоф Пјонтек повторно ќе трча на терените во Италија откако денеска го комплетира трансферот од Херта во Фиорентина. 26-годишниот напаѓач ќе игра како позајмен во Фиренца до крајот на сезоната со тоа што италијанскиот клуб има опција да го откупи договорот за 15 милиони евра.
Пјонтек ќе го носи дресот со број 19. Претходно, Пјонтек играше успешно за Џенова по што направи трансфер во Милан каде не се снајде најдобро. Од таму замина во Херта, а Германците платија дури 27 милиони евра за неговите услуги. За берлинската екипа во 54 прволигашки натпревари постигна 12 голови што е премал ефект со оглед на очекувањата.