Тимот на Работнички и официјално ги стартуваше подготовките за следната полусезона. Во нешто реконструиран состав во кој треба да пристигнат уште неколку засилувања, денеска тимот од Гратски Парк на чело со тренерот Борче Христов го одржа првиот тренинг. На него присутен и во моментов најголемото засилување за тимот, Арменд Алими, кој по долги години престој во Шкендија си замина од Тетово и се пресели во Скопје.