Се сеќавате на Андреас Д’Алесандро? Поранешниот аргентински репрезентативец се уште е активен како фудбалер и денеска иако има 40 години не се предава. Продолжува да игра фудбал. Играчот од средниот ред го напушти уругвајскиот Национал и се враќа во бразилскиот Интернационал каде што играше од 2008 до 2020 година.
Со Интернационал, Д’Алесандро ги имаше најголемите успеси, триумф во Копа Судамерикана во 2008, Копа Либертадорес во 2010 година, Суперкупот на Јужна Америка во 2011 и шест пати беше шампион на државата Рио Гранде до Сул.
Д’Алесандро потпиша договор на четири месеци, ќе игра во локалниот шампионат (Рио Гранде до Сул) а по истекот на истиот ќе стави крај на кариерата.
Инаку тој е дете на Ривер Плата, а играше и во Европа за Волфсбург, Портсмут и Сарагоса и потоа се врати во Јужна Америка, прво во Сан Лоренцо потоа во Интернационал, па во Национал, сега назад во Интернационал.