Со голот на Ојарзабал уште во првото полувреме, тимот на Реал Сосиедад успеа да слави на домашен терен против тимот на Селта со минимални 1:0 и на тој начин да го задржи високиот статус во овогодинешниот Примера шампионат.
Сосиедад сезонава игра одлично веќе собра 31. бод, но имаше мала резултатска криза, нареди неколку порази, односно мечеви без победа. Затоа денеска триумфот што се вели беше императив, а домаќинот успеа да се исправи пред истиот.
Селта од друга страна пак во моментов е дванаесетта со 23 бода.