Никола Јокиќ го врати Денвер на победничките патеки. Српскиот центар „царуваше“ на теренот против Сакраменто, неговиот тим славеше со 121-111, а тој постигна 33 поени, 10 скока и 7 асистенции.
Јокиќ го имаше потегот на мечот во втората четвртина. Прво го блокираше Багли без да отскокне од паркетот, а потоа ја зеде топката во контранапад. Србинот ја измами целата одбрана на противникот, додека гледаше на десната страна веќе знаеше каде се наоѓа Грин, го проигра под кошот за овации во салата.
Jokic block and the dime 😳
The Joker can do it all pic.twitter.com/63TnEJSueS
— NBA TV (@NBATV) January 8, 2022