Како Серхио Рамос го ограби ПСЖ?

960

Шпанскиот дефанзивец после 16 години одлучи да се раздели со Реал Мадрид и за првпат во својата кариера да игра за тим надвор од Шпанија.

Неговата кариера во францускиот тим засега се одвива чудно. Од доаѓањето во ПСЖ има одиграно само три натпревари, а дебитираше дури во ноември 2021 година во првенствената победа против Сент Етјен (1:3). Тоа беше единствениот натпревар во кој ги одигра сите 90 минути.

Подоцна, на 19 декември, играше во Купот, три дена подоцна во ремито со Лориен (1:1) заработи исклучување со два жолти картони непосредно пред крајот на натпреварот.

Сепак, колку што не му оди на фудбалскиот терен, толку добро му оди кога е заработката во прашање.

Рамос досега одигра три натпревари за ПСЖ, пропушти дури 29, доби црвен картон, а за една година ќе инкасира шест милиони евра.

Рамос има договор со ПСЖ до летото 2023 година, а Парижаните доколку сакаат да го раскинат, на 35-годишниот фудбалер ќе треба да му платат дополнителни четири милиони евра.

Одлична работа Серхио, нема што!

ПретходноРано е за пензија: На 40 години се врати во Интернационал
СледноСе опорави од коронавирус, но навивачите на ПСЖ имаат нова главоболка поради Меси