Винсент Абубакар, напаѓачот на Ал Наср, со двата гола од пенал му го донесе премиер ниот триумф на националниот тим на Камерун на отворањето на Афиканскиот куп на Нациите. Совладана е репрезентацијата на Буркина Фасо со конечни 2:1, а Абубакар за само три минути на два пати беше прецизен од белата точка во самиот финиш на првото полувреме.
Претходно Буркина Фасо, преку Сангаре успеа да поведе со 0:1, и кога се мислеше дека оваа селекција ќе направи подвиг против фаворитот се случи спротивното.
Камерун со ова ги освои стартните три бода, а во групата А се уште и Етиопија и Зеленортската република.