Дориан Бабунски, нашиот репрезентативец и член на Ботев Враца е една од ѕвездите во зимскиот преоден рок во Бугарија. Имено како што е познато за него има понуди од Ботев Пловдив и ЦСКА 1948, кои се подготвени да ја платат отштетата која изнесува 100.000 евра а ја бара Ботев Враца.
Најново е тоа што сега ЦСКА Софија, еден од најголемите клубови во Бугарија, пројавил интерес за Македонецот кој во есенскиот дел просто ги “кинеше“ мрежите на противничките екипи.
Пред два дена се појавија шпекулации дека ЦСКА Софија водела преговори и со Сефер Емини, младиот офанзивец на Македонија ЃП.