Бековите му ја донесоа победата на Интер над Лацио (видео)

159

ФОТО: Twitter/Inter
Италијанскиот првак Интер го совлада Лацио со 2:1 во 21. коло на Серија А со што се врати на првото место на табелата и сега има 49 бода бод повеќе од вториот Милан но и меч помалку во однос на градскиот ривал.

Победата на Интер му ја донесоа бековите Алесандро Бастони и Милан Шкринијар.

„Нероаѕурите“ погодија во 17 минута преку Лаутаро Мартинез но голот беше поништен по реакција на ВАР поради офсајд. Во 30. минута Бастони го отвори резултатот, сепак, Лацио стигна до 1:1 пет минути подоцна со голот на Имобиле.

Во второто полувреме на нафрлување на Бастони словачкиот интернационалец Милан Шкринијар со глава ја затресе мрежата на римската екипа и ја донесе победата на Интер.

Лацио е на осмото место на табелата.

Во последниот меч од вечерашната програма во Серија А, Верона е поразена дома од Салернитана со 2:1.

ПретходноМурињо: Не оди работата, имам слабаци во екипата
СледноKeрер му донесе бод на ПСЖ против Лион (видео)