Влхова прва во Крањска Гора!

150

Петра Влхова од Словачка, благодарение на фантастичното возење во втората трка на денешниот слалом во Крањска Гора (Словенија) успеа да дојде до првото место и да освои нови бодови во генералниот пласман во Светскиот куп.

Влхова заврши како прва со време до 1:44,29 минути, а како втора на подиумот се најде Венди Холендер од Швајцарија. Трета пак беше Ана Свен – Ларсон од Шведска.

Водечката во генералниот пласман Микаела Шифрин од САД, не ја заврши трката на овој слалом во Крањска Гора кој беше петти сезонава во Светскиот куп.

ПретходноИ Струга Трим Лум во “погон“!
СледноЗлатан со прв гол во 2022, Милан рутински до триумф со Венеција!